Петар Печков
Објавено: петок, 28 февруари 2014
Први март е Светски ден на цивилната заштита, востановен од 1990-тата година. Дирекцијата за заштита и спасување, која е правен наследник на цивилната заштита во земјава, во деветгодишното постоење успешно се справува со последиците од природните непогоди и други несреќи, заштитувајќи ги луѓето и нивните имоти, како и природните богатства.
Како Дирекција најмногу работа имаме во гаснењето на пожарите а во одредени делови од годината кога има поплави, па во пасување на лицата и имотот. Во оваа задача имаме и водови до доброволци, лица кои несебично помагаат – рече Билјана Симова, началник на велешката Дирекција за заштита и спасување.
Тие по повод овој ден, пред споменикот на Рацин кај Гимназијата дела летоци на граѓаните, а беше претставена и дел од опремата со која тие располагаат.
Tweet |