Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 декември 2025
Одбележана е 85 годишнина од смртта на Петар Поп Арсов. Здружението кое го носи неговото име, во негова чест организираше чествување и положување на цвеќе пред спомен куќата во село Богомила, како и литургија во црквата св. Атанасије во село Теово.
Петар Поп Арсов е една од клучните фигури за формирањето на организираната македонска револуционерна борба.Тој е и книжевник, публицист. Петар Поп Арсов е роден 14 август 1868 во Богомила а починал на 1 јанаури 1941 во Софија.
| Tweet |






