речник контакт

Одбележани 110 години од Солунските атентати

Велешани се поклонија пред делото и саможртвата на десетемина Гемиџии. Во прилог и фотографии од настанот пролетта 1903-та во Солун

Петар Печков

Со положување на цвеќе пред споменикот на Гемиџиите, кај Малото мовче во Велес  се одбележа 110 годишнината од Солунските атентати. По Вардар пак се пушти венец со цвеќе во спомен на големата саможртва на десетмината млади студенти велешани, кои го дадоа живото  под слоганот ,,Се арчиме за Македонија,,. На јубилејното чествување присуствуваа голем број велешани кои се поклонија на делото на Гемиџиите.

Вистината за Македонија, за која тие се бореа ние денес ја браниме. Делата кои ги создаваме им ги посветуваме ним на нашите херои. Ако тие се поарчија за Македонија со аманет да не остават трага од своето физичко постоење, нивната голема духовна трага е тука и трајна. Тие ја одбраа смртта за ние денес да ја  живееме слободата на Македонија. Велес  никогаш нема да ги заборави своите херои. И секогаш во спомен на нивните дела, заедно ќе се потсетуваме на историјата за да им покажеме на нашите деца како се сака и слави името на татковината – рече Славчо Чадиев градоначалник на Општина Велес.

По овој повод  се постави  нова мермерна плоча на споменикот на Гемиџиите, оти претходната  често беше мета на вандали кои постојано ги крадеа металните букви од неа. Солунските атентати беа серија бомбашки напади во Солун  извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на Гемиџиите, револуционерна група, најмногу млади велешани, студенти во Солун. Целта на овие напади е да се нападне европскиот капитал во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили за македонското прашање.

При овие напади дигнат во воздух беа брод,  дел од железничката пруга Солун – Истанбул, Отоманската Банка,  театар, уништени се гасоводниот систем и водоводната мрежа на Солун, при што немало ниту една жртва, освен дел од атентаторите. Во изведувањето на Солунските атентати учествувале Јордан Поп Јорданов , Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов и Цветко Трајков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »