речник контакт

Одбележани 116 години од Солунските атентати

Гемиџиите успеале да ја извршат најголемата терористичка акција на нивното време. Тие биле млади идеалисти кои ги положиле своите животи за својата татковина Македонија

Петар Печков

Пред споменикот на Гемиџиите кај  Мало мовче се чествуваше 116 годишнината од Солунските атентати. Со положување цвеќе и краток осврт за подвизите кои македонските студенти во Солун, пред сè велешани, синови на богати велешки трговски фамилии ги направиле, присутните денес, потсетија на нивната решителност и на мотото под кое биле заколнати, “Се арчиме за Македонија”. 

Солунските атентатори биле револуционери анархисти, интелектуалци. Групата одлучила атентатите да започнат на 28 април 1903. Секој точно знаел која биле неговата задача во определено време.  Што се однесува до тоа дали требало по изведената акција да загинат, имало поделени мислења, па оставиле секој сам да одлучи.   Солунските атентати се низа бомбашки напади извршени во периодот од 28 април до 1-ви мај 1903 изведени во Солун. Целта  била да се предизвика хаос во градот, за да се привлече вниманието  на Европската јавност и големите сили за решавање на македонското прашање, ослободување на Македонија од турското ропство. Гемиџиите успеале да ја извршат најголемата терористичка акција на нивното време. Тие биле млади идеалисти кои ги положиле своите животи за својата татковина Македонија   - кажа Весна Баркова професор по историја во ОУ ,,Благој Кирков,, од Велес.   

Во атентатите загинале шестмина од Гемиџиите: Јордан Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Трајков. Павел Шатев, Милан Арсов,  Марко Бошнаков, Георги Богданов биле уапсени, прво осудени на смрт па замената со казна затвор во Фезија -Либија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »