речник контакт

Одбележани 62 години од смртта на Панко Брашнаров, време е тој да биде рехабилитиран

И по две години се уште не е потврдено дека пронајдените останки се на првиот претседавач на АСНОМ

Петар Печков

          Пред споменикот на Панко Брашнар во Велес му беше оддадена почит  на народниот учител и првиот претседавач на АСНОМ од 1944-тата година, со што беше одбележана 62-та годишнина од неговата смрт. Тој почина на 13 јули 1951-та на Голи Оток.  Панко го отвори првото заседание на АСНОМ,  беше борец за социјална правда,  Брашнар ги заборавил личните задоволства и семејната среќа, пред желбата за  слобода и човечко достоинство. Во 1950-ва е уапсен поради неговата поддршка на Сталиновата резолуција, а следната година испратен на двегодишна ,,општествено  полезна   работа,, на Голо Оток, каде по неколку дена во мизерни услови, болен, умира.

Во неговиот 68 годишен животен пат, 50 години бил вклучен во револуционерни активности а повеќе од десет години минал во бугарски, српски и југословенски затвори. На основачкиот конгрес на ВМРО (Обединета) во октомври 1925 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. При  апсењето на Брашнар, по провалата во ВМРО  во 1928-та година петиција за негово пуштање од затвор потпишале 68 светски  интелектуалци, меѓу нив и Алберт Ајнштајн, Анри Барбис, Јакуп Хурвиц, Регина Рубен

Време е да се најде маж и да се побара рехабилитација на Панко, кој животот го даде за Македонија.  Панко Брашнаров живееше во мизерни услови, иако беше со мандат на пратеник кога утрото во шест и пол го уапсија. Беше тоа 1950-тата година,  во соба вкопана во земја, со влага и мемла, cо полско веце и без водовод и канализација. Ете таков беше тој народен пратеник наспроти елитата која живееше на Водно. Две униформирани лица го изнесоа и повеќе не го видовме. Мајка ми Богданка, негова внука  од брат, за  смрттa дозна четири месеци по настанот. Официјално и кажаа дека паднал камен врз него и така чичко и погинал  - рече  Костадин Сарагинов, кој како десет годишно дете, негов внук, бил сведок кога Панко бил уапсен.

Тој побара да се забрза процесот за идентификување на коските на Брашнаров, чиј гроб беше пронајден на Мирогој во Загреб. Иако потпишале документ со градоначалникoт на општина Чашка, за постапка за идетификувaње и дека ќе дадат нивен ДНК материјал за да се потврдат останките на Брашнаров, досега тоа не се случило. Неговите потомци бараат да се најде и локација, место каде ќе бидат поставени останките на Брашнар кога ќе биде вратен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »