речник контакт

Одбележани 70 години од смртта на Панко Брашнаров

Панко кај велешани е познат како „народниот учиител“ кој животот го посветил на македонската државност

Петар Печков

Во родниот Велес, се одбележаа 70 години од смртта на Панко Брашнав, првиот претседавач на првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944-та година.  Кај велешани познат како „народниот учител“, Брашнаров е сведок на двата Илиндени.  Повеќе од десет години минал во бугарски, српски и југословенски затвори.

„Неговата животна патека е  историја, која како да не ја знаеме и постојано ја повторуваме. Стоиме пред споменикот на човекот, кој македонската самостојност и државност ја постави за своја животна патека“ - кажа Марин Клифов директот на Народен музеј Велес.

Панко Брашнаров бил македонски комунист, член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Поради поддршка на Резолуцијата на Информбирото е уапсен и испратен на Голи Оток, каде умира како најстариот затвореник.  Ги заборавил личните задоволства и семејната среќа, пред желбата за слобода и човечко достоинство.

„Татко ми раскажуваше дека сите џебови на  Панко биле сошиени, како да ги немал. Тоа за да  не држи пари со себе, сите што ги имал ги давал. Потоа не сакал да се ожени оти  не сакал неговата фамилија да ги трпи последиците од револуционерната борба и ставовите  кои ги имал’ – вели Елена Панова, правнука на Панко.

Посмртните останки на Панко Брашнаров се наоѓаат на гробиштата Мирогој во Загреб, Хрватска.   Минаата гдоина пратеникто Ненад Коциќ објави документ од  компанијата „Загребачки холдинг“ која управува со гробиштата.

„За  жал не сме во можност да извршиме пренос на посмртните остатоци на Брашнаров, бидејќи се во заедничка гробница, заедно со голем број погребани, поради што е невозможно да се идентификуваат“.- пишува во документот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »