речник контакт

Одбележување на 105 годишнината од смртта на Миле Поп Јорданов

На 22 декември 2007 година во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велес

lj lkjl

На 22 декември 2007 година во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, по повод одбележувањето на 105 годишнината од смртта на истакнатиот македонски револуционер Миле Поп Јорданов, се одржа панихида во црквата Свети Пантелејмон. На панихидата присуствуваа делегации со претставници од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на град Велес. Делегациите со почит спрема делото и истакната револуционерна дејност на Миле Поп Јорданов положија свежо букет цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Пантелејмон.

\"\"

Миле Поп Јорданов е роден 1877 година, во семејство на револуционери и видни претставници на македонската авангарда. Во македонската историја е запишан како истакнат револуционер а како член на ТМРО, дејствувал во реонската чета во Радовишко. Од неговото семејство со значајни револуционерни дела и подвизи се истакнуваат и негови браќа гемиџијата Јордан Поп Јорданов - Орцето и Петар Поп Јорданов. Својот живот го завршува на 24 годишна возраст во близина на Велес. При заседата од страна на турските власти за да не падне жив во рацете на непријателот Миле Поп Јорданов се самоубива. Неговата трагична смрт е опеана во народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ која Општина Велес ја прогласи за официјална химна на град Велес. долги години гробот на Поп Јорданов беше оставен на забот на времето и заборавот, за да во почетокот на 90-те години од минатиот век на иницијатива и во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, биде возобновен и на тој начин достоинствено му се оддаде почит на велешкиот борец за слобода кој својот живот го даде за својот намачен и поробен македонски народ.

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »