речник контакт

Одбиен за надомест а работел 25 години во ЈП

Не добива стечаен надомест оти сам си заминал од работа а од таму бил прогласен за технолошки вишок

Петар Печков

Велешанецот Методи Вељанов деновиве по пошта го доби  одговорот по барањето за добивање на месечен стечаен  надомест се до пензионирањето. Решението е негативно. Вељанов работеше во тогашната спортска сала 25 мај.  

Иако тој на увид ги нуди  документите каде е пишано дека Вељанов заминува како технолошки вишок од ЈП за стопанисување  за спортски објекти на РМ, во добиениот документ пишува дека не ги исполнува условите.

Ме одбија дека немам право на паричен надомест, бидејќи сум  заминал од работа по моја вина.  Во одлуката од 2005-тата која тогаш ни беше врачена,  пишува дека ние деветмина  добиваме престанок на работен однос поради економски  и структурални причини и се прогласуваме за технолошки вишок. Потоа ова исто Биро или Агенција за вработување ми одобрува исплата на паричен надомест во следната година дена  во висина од 50 отсто од републичкиот просек. И сега по девет години истата Агенција не ми одобрува месечен  надомест  оти сум заминал од работа по моја вина, иако не напуштија од работа – вели Вељанов.

Тој преку неговиот адвокат поднел жалба на ова решение и чека одговор, дали повисокиот орган ќе реши во негова корист. Додава дека не е само тој што извисил во однос на добивањето на стечаен надоместок, имало и други вакви примери на лица кои работеле повеќе од 25 години во јавна  администрација или државни претпријатија  а не добиле месечен стечаен надоместок. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »