речник контакт

Одбиено барањето, останува истиот јавен обвинител во случајот убиството во Ореше

Ќе започне ли среда судењето или ќе има нова процедурална забелешка

Петар Печков

 Обидите на одбраната да   извршат промени во  судскиот совет и обвинителството во случајот убиството во Ореше не минуваат. Ниту едно од трите барања кои бранителите ги поднесоа изминатите два месеци, на почетокот од четвртото судење во овој маратонски просец, не мина. Ниту едно не било издржано.

Така и последното за изземање на јавниот обвинител Славица Темелковски поднесено до Вишото обвинителство, поради тоа што таа учествувала во одлуката за симнување на заштитата на заштитеното сведок Бреза, Златко Арсовски не мина.

Барањето е одбиено. Судскиот процес продолжува на 14-ти со истите судии и обвинител -  изјави Валентина Петровска в.д претседател на Основен суд Велес. 

Ова барање на бранителот  Звонко Давидовиќ беше поднесено на половина час пред почетокот на рочиштето со кое требаше да започне  судскиот процес, иако помеѓу двата термини имаше период од еден месец. Адвокатите   бараа и изземање на двете судијки кои го  работеа овој предмет,  оти тие учествувале во одлуки за  продолжување на мерките притвор на обвинетите, во раната фаза од судењето. Тоа  беше одбиено. 

Исто така беше  одбиено и барањето на адвокатите за спојување на двете дела запалената амбуланта во село Ореше и убиството во истото село, каде како ист обвинет се појавува Ѓоре Петровски. Сите овие моменти за  блиските на убиениот Лазо Милошевски се причина  јавно да изразат сомнежи. Неговиот син Ацо  вели дека ,, на овој  начин се бара начин да се одолговлекува почетокот,,.

Четвртото судењето за  убиството на старецот Лазо Милошевски во селото Ореше, кое се случи декември 2005-тата година никако да започне . Како сторители обвинети се браќата Љупчо и Ордан Ѓоргиевски а како нарачател Ѓоре Петровски. Претходните три судења завршија со две осудителни и едно  со ослободителна пресуда но сите  беа вратени од Апелација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »