Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 август 2012
На традиционалниот меѓународен турнир во одбојка на песок, трет по ред, кој изминатиот викенд се одржа на игралиштето во Градскиот парк победија и во машка и во женска конкуренција двојките од Албанија кои во финалните двобои славеа над двојките од Косово со идентични 2:1. Третото место за Македонците.
Кај жените победија Есмералда Тучи и Ада Пренга од Албанија пред Назмие Ибрахими и Вилдане Јашари од Косово кои лани беа први а трети се Ивана Митушева и Бранкица Блажевска. Кај мажите победија Газменд Хусај и Валони Никуи од Албанија пред Бахри Гиновци и Лорик Илази од Косово а трети беа Скендер Лајки и Адријатик Кајтази од Македонија. На турнирот учествуваа 50-тина одбојкари. Организатор беше ОК Борец а финансиски поддржан од Општина Велес.
Tweet |