речник контакт

Одбојкарите ветерани на Борец трети на турнирот во Краљево, Србија (фото)

Овој викенд во Прилеп ја играат завршницата од одбојкарската лига која е во рамите на ОФМ

Петар Печков

Одбојкарите ветерани на Борец го освоија третото место на турнирот кој  изминатиот викенд се одржа во Краљево, Србија. Тие забележаа три победи и еден пораз, исто како и прво и второ пласираната екипа, па за пласманот решаваше сет количникот.

Првиот меѓународен настап, донесе успех за велешките одбојкарски ветерни. Тие го освоија третото место во конкуренција на девет екипи, останитите осум беа од Србија.

На забавата  по завршувањето на турнирот, која ја организирал домаќинот, настапил Александар Белов.

Веќе овој продолжен викенд е ново искушение за ветераните на Борец. Тие во Прилеп ја играат завршницата од одбојкарската лига која е во рамите на ОФМ. Предвидени се два натпревари. Потоа следи завршниот турнир, плеј оф каде настапуваат првопласираните четири екипи. Велешани се лидери со четири настапа и исто толку победи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »