речник контакт

Одбојкарите вечерва стартуваат co натпреварите за шампионската титула

Кошаркарите викендов започнуваат разигрување за пласман во Супер лига. Познат е терминот на финалето на футсал Купот, каде игра велешки КМФ Кеги моби

Петар Печков

Вечерва од  19ч. од Штип започнува финалното разигрување за титулата првак на Македонија во одбојка. Велешки ФОК Борец гостува  на ОК Штип УГД. Тоа беа најдобро пласираните две екипи од првенството, штипјани први, велешани втори. Се игра на три добиени натпревари од пет, четврток, понедленик, четврток. Тоа во пракса значи дека  серијата започнува од Штип, па се игра во Велес, повторно Штип и ако има потреба повторно во Велес и завршниот натпревар во Штип. Фаворите се штипјани кои годинава имаат само еден пораз. Но меѓусебните натпревари иако ги доби ОК Штип УГД беа израмнети во сетовите се тесна предност за штипјани. Средбата се игра со пренос на МРТВ 3.

Кошаркарите на КК Борец сабота од 17 ч. го започнуваат доигрувањето за пласман во Супер лигата. Во полуфиналето играат со КК Струмица, која како прво пласирана има предност да игра како домаќин, два од трите натпревари. Вториот се игра во Велес а евентуалниот трет во Струмица. Вториот натпревар е помеѓу КК Соколи  -ШТИП и КК Бутел. Победниците од двата полуфинални натпревари ќе играат за пласман во Супер лига.

Познат е терминот на одигрувањето на финалето од футсал Купот, каде се пласираше велешки КМФ Кеги моби. Противник му е КМФ  Проект од Јосифово. Средбата се игра на 28 април во салата 26 април во Гевгелија.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »