Петар Печков
Објавено: четврток, 02 март 2017
Неочекувано, но сосема заслужни одбојкарите на Борец се елиминирани од Купот, штипските студнети им одржаа лекција на велешани. Загубија дома од УГД Студенти, два пати. Вчеравечер дома со 3:1 (-19, 26, 21,19). Првиот натпревар пред недела дена во Штип исто тага го загубија тогаш со 3:2 иако водеа со 2:0. Слабата игра на велешани, кои немаа ниту борбеност, резултираше со пораз од младиот состав од Штип, кој се бореше и ,,гинеше,,за секоја топка. Така на велешани им останува да се посветат само на првенството. Веќе в сабота играат со второпласираната екипа на Струмица а велешани се трети. Тоа би требало да биде дерби на колото, но по слабата игра на Борец со Студент, прашање е колку отпор можат да дадат.
Започна пролетниот дел до првенството на Третата лига Југ. За велешките екипи две победи и еден пораз.
Борец на гостувањето во Дојран против Дојранско езеро кој е 10-ти, победи со 4:0. Превалец дома славеше тесно со 3:2 против Големо Коњари, кој е 12 од 13 екипи. Гемиџии дома загуби од лидерот Кожув од Гевгелија со 4:0.
По ова кола Борец се најде на 2-то место, Превалец и натаму е 5-ти а Гемиџии се 6-тил. Во следното коло Гемиџии играат повторно дома овој пат со Дојранско езеро, Превалец во Крушево на Питу Гули кој е 8-ми со 16 бода и 4 победи, додека Борец во дербито игра во прилепско Крушеане со Напредок. Домаќините со 29 имаат шанси и се борат за третото место, кое води во Втората лига.
Tweet |