речник контакт

Одбојкарите загубија, но влегоа меѓу првите четири, за разигрување за титулата

Во градското дерби во футсал КМФ Кеги моби- КМФ Велес 7:1

Петар Печков

Иако со пораз го завршија  првиот дел од првенството, одбојкарите на ГОК Борец се пласираа на четврто место со што обезбедија пласман во разигрувањето за титулата. Во саботата во Скопје во дербито екипата на ОК Вардар беше подобра со максимални 3:0 ( 19, 19 18). Но и покрај тоа  велешани, после десет години, се најдоа на местото кое води во плеј-оф натпреварите. Освен овие две екипи,  за титулата ќе разигруваат и ОК Струмица и ОК Универзитет Тетово.    Натпреварите продолжуваат  веќе следниот викенд со првото коло од разигрувањето.

Се одигра и шестото коло од Првата футсал лига. Во локалното дерби, КМФ Кеги моби со убедливи 7:1 славеше над КМФ Велес. Помладиот лигаш КМФ Кеги моби  има две победи и едно реми а   КМФ Велес една победа и пет порази.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »