Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 ноември 2016
Успешен спортски викенд за велешките екипи од најквалитетното друштво. Започна одбојкарското првенство и во првото коло ГОК Борец дома со максимални 3:0 ( -9, -13, -19) го совлада првакот Шутова. Со одличниот впечаток кој велешани го оставија, најавуваат дека по пауза од пет години како не настапуваа, тие ќе го имаат водечкиот збор во првенството. Екипата е составена од велешки играчи, кои настапуваа во други клубови, сега заедно го враќаат овој спорт на голема врата. Во второто коло нов предизвик, во Струмица, против истоимената екипа. Тест за можностите за велешката екипа.
Футсал екипата на КМФ Велес со високи 14:2 го совлада Илирет од Куманово. Ако по првите 20 минути резултатот беше 4:2 по вторите домашните фуриозни и стигана до седмата победа и 21 бод и гол разлика 94:18, или +76 гола. Стрелци на головите за Велес беа: Таулант Исмаили, Дарко Ранготов (3-гола), Игор Леовски, Александар Глигоров, Иван Крстевски (2-гола), Мартин Тодоровски и Зоран Левески. Во следното коло велешани гостуваат на екипата на Биџо во Куманово, која е последна без ниту еден бод.
Изненадување приредија фудбалерките на ЖФК Борец кои се вратија непоразени од Скопје каде гостуваа на екипата на Драгон, играјќи нерешено 2:2. Резултатот е изненадување оти само пред седум дена велешанки беа торпедирани со 6:1 од второпласирана екипа на Истатов во Дојран. Но тогаш настапиле без голманка, кој од не објасниви причини недопатувала. Овој пат првакот спасувал бод откако Борец до 84-та водел со 2:0 а израмнувачкиот гол го примиле во судиското продолжение 93-та минута. По ова шесто коло ЖФК Борец остана на 4-тото место со седум бодови. Во следното коло велешанки се слободни.
Tweet |