Петар Печков
Објавено: четврток, 18 февруари 2021
Одбојкарите на ГОК Борец неочекувано се елиминирани од Купот. Тие вчеравечер загубија со уверливи 0:3 ( 21; 23; 22)од екипата на ОК Шкендија, откако претходно и во Тетово беа поразени со 2:3. Овој резултат ги исфрли од завршницата на Купот. Ова е четврти пораз во серија за велешките одбојкари месецов, два во првенството и два во Купот.
Беа извлечени паровите со 1/16 за ракометниот Куп. Велешкиот прволигаш ГРК Борец за противник го доби суперлигашот РК Пролет 62 од Скопје. Се игра еден натпревар, велешани гостуваат на фаворитот, на 25-ти февруари.
Tweet |