Петар Печков
Објавено: сабота, 25 март 2023
Одбојкарите на ГОК Борец се поразени во финалeто на Купот, одиграно во Радовиш со 0:3 (7, 23, 19) од екипата на ОК Струмица. Струмичани кои беа фаворити пред почетокoт лесно ги добија првиpот и трeтиот сет, пред се со грешките на велешани.
Во вториот сет, ГОК Борец имаше и предност до 21:19, но не успеа да ја сочува и во финишот струмичани направија пресврт го освоија сетот и поведоа со 2:0. Третиот сет беше рутина за струмичани, кои го освоија без мака а со тоа и победничкиот пехар. Сепак пехар и за финалистот ГОК Борец и радост за велешани.
Пласманот во финалето е успех за одбојкарите нa ГОК БОрец. Ова е четврто финале во Купот за велешани и еден освен во 1995 година. Им останува борбата во домашното првенство, каде веќе в среда играат со ОК Шкендија, дерби за второ место, каде се тетовчани,со една победа повеќе од ГОК Борец.
Tweet |