Петар Печков
Објавено: четврток, 06 април 2023
Во првиот од можните три натпревари во полуфиналето од разигрувањето за титулата првак, одбојкарите на ГОК Борец загубија со 3:1 (25:19, 25:22, 20:25, 25:21) во Тетово од ОК Шкендија. домаќините поведоа со 2:0, велешани намалија на 2:1 но немаа сили за повеќе. Разигрувањето продолжува со вториот натпревар, кој се игра в понеделник, пред камерите на МРТ 3. Се игра на два добиени натпревари.
Во првенството на Првата футсал лига е принуден прекин, по сомнителните резултати кои се случија во финишот од првенството.Во борбата за стартната позиција еден, КФМ Арбен Бајрами на Чаир, го совлада Јувентус Серава со 75:1 (34:1), додека КМФ Проект во Струга на гости кај Енхалон 2020 триумфираше со 2:62 (1:25).
Ова се резултати кои беа постигнати во последното 18 коло. Вo претпоследното 17 коло, срамен резултат и за велешкиот прволигаш КМФ Кеги моби. Откако во Липково кандидатот за прво место КМФ Арбен Барјами го победи домаќинот КМФ Карадаку со 3:18, во Валандово претендентот за првото место му нанесе тежок пораз на КМФ Кеги моби од Велес со 3:28, резултат кој велешани се обидоа да го сокријат од јавноста, не е објавен никаде, го нема. Само од што се срамеа.
Tweet |