Петар Печков
Објавено: среда, 29 септември 2010
Машката одбојкарска екипа на Борец осетно се засили за новото првенство, кое започнува во средината на октомври и се најавува една цел, освојување на шампионската титула. Причина за ова е што во Борец дојдоа четворица одбојкари, тројца репрезентативци и еден интернационалец кои заедно со постојните одбојкари треба да му ја донесат за прв пат титулата најдобра екипа во Македонија.
Велешани се засилија со Ѓоко Јосифов, Влатко Трајковски и Благој Гинов од Работнички Фершпед и повратникот од странство Стојан Данаилов. Одбојкарите на Борец можат да се пофалат дека досега го имаат освоено купот во 1995-тата година. Тие во новата сезона се враќаат во спортската сала Гемиџии, бидејќи досега натпреварите ги играа во салата на ОУ Блаже Конески.
Tweet |