Петар Печков
Објавено: недела, 01 ноември 2020
Со победа против екипата на ОК Весна, одбојкарите на ГОК Борец се враќаат од Пробиштип. Во рамките на четвртото коло, тие вчера славеа на ова значајно гостување, а со оваа победа најавуваат дека имаат екипа за четвртото место и пласнам во разигрувањето.
Домаќините досега имаа една победа а велешани две, и со оваа радост, ги исклучија домаќините од борбата за висок пласман. Решавачки бил третиот сет, ГОК Борец го добил на разлика, поведе со 2:1 а четвртиот го добил со сигурни десет поени разлика за славје на велешкиот состав.
По ова некомплетно коло ГОК Борец е четврти со три победи и еден пораз. Во следните две кола тешко искушение за велешани, дома играат со екипата на ОК Струмица а потоа гостуваат во Тетово на ОК Шкендија, состави кои немаат пораз и по три победи.
Затоа пак двата натпревари кои ГОК Борец ги игра дома, во салта „Гемиџии“ се решавачки за пласманот во првите четири екипи. Ги пречекуваат ОК Вардар и ОК Универзитет Гоце Делчев, состави кои исто така се борат за пласман во разигрувањето.
Оваа седмица не се играат натпревари во фудбал и ракомет во рамките на националните првенства.
фото ФБ ГОК Борец
Tweet |