речник контакт

Одбојкарите на ГОК Борец се пласираа во финалето на Купот, по победата над ОК Шкендија (фото)

ГОК БОРЕЦ – ОК ШКЕНДИЈА 3:1

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец ќе играт во финалето на Купот. Ова откако вчеравечер ја совлада екипата на ОК Шкендија од Тетово со 3:1 (14:25, 25:19, 25:17, 25:19). По лошата игра во првиот сет, велешани, покажа дека имаат екипа и состав за висок дострел. Играа одлично, во сите елементи, и не им дадоа шанса на тетовци да се надеваат на добар резултат.

Финалето се игра во сабота од 13ч. исто така во Радовиш, со пренос на МРТВ3. Противник е екипата на ОК Струмица.

„Иако Струмица е фаворит, и ние имаме ист ростер како нив. Покажавме дека можеме да се носиме. Во Купот секогаш секој секого може да победи“- кажа Јован Шапе, одбојкар на ГОК Борец, по завршувањето на натпеваро со ОК Шкендија.

ОК Борец Универзал промет во 1995 година, го  има освоено едниствениот  Куп пехар во историјата на клубот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »