речник контакт

Одбојкарите на ГОК Борец со победа израмнија во полуфиналето во разигрувањето за титулата првак

Пo завршувањето на натпреварот инцидент, информираше СВР Велес, повреден е и полицаец

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец во тај брек, го решија прашањето за победник во втората средба од полуфиналето на разигрувањето за првак на Македонија. 

Тие со 3:2(13:25, 25:22, 25:23, 17:25, 15:12) славеа над ОК Шкендија и обезбедија трет натпревар, кој в четврток ќе се игра во Тетово. Тетовци го добија сигурно вториот сет, велешани вратија со иста мерка во вториот додека во третиот се играше поен за поен за радост на ГОК Борец. Гостите сигурни во четвртиот а во решавачкиот петитот домаќините со сигурна игра до 15 поена, кои значеа победа. Со ова полуфиналето помеѓу овие две екипи е израмнето 1:1 и ќе решава третиот натпревар, кој се игра во Тетово. Во 6 досегашни средни на овие два противника,  сезона 2022/23 резултатот е израмнет 3:3.  

По завршувањето на натпреварот имало инцидент за кој информираа од СВР Велес

„На 10 април  во СВР Велес било пријавено дека околу 21.10 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир, при што дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети. Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »