Петар Печков
Објавено: недела, 14 ноември 2021
Во дербито на седмото коло од Првата машка одбојкарска лига, велешки ГОК Борец славеше на домашен терен, во салата „Гемиџии“ со 3:2 (22:25, 17:25, 28:26, 25:22, 15:11). Гостите од Тетово водеа со 0:2 и на чекор до победа со 0:3, со три меч топки но домаќините успеаја да се надмината и да го освојат сетот на разлика 28:26. Потоа ги освоија и двата следни сета, петтиот во тај брек со што победија и освоија два бода. Oва беше дерби на двете екипи кои беа на 2-то и 3-то место на табелата и имаa само по еден пораз. По ова седмо коло состојбата на врвот од табелата е следна:
1. Струмица 18,
2. Борец 14,
3. Лирија 12,
4. Штип УГД 12,
5. Шкендија 11,
6. Универзитет во Тетово 11
Следниот викенд велешани гостуваат во Скопје на екипата на ОК Вардар која е 9-та со две победи и шест бодови. ГОК Борец има одиграно шест натпревари, пет победи и еден пораз. Натпреварот со ОК Лирија, кој натпреварувачка комисија одлучи да се преигра, е по жалба од тетовци, до второстепена во ОФМ.
Tweet |