речник контакт

Одбојкарите на ОК Борец ветерани втори на турнирот во Велико Градиште

ОК Борец ветерани досега имаат учествувано на седум меѓународни турнири и имаат исто толку пехари и медалји, две први, две втори и три трети места. Недела продолжува домашното првенство на ветерани со дерби на непоразените во Тетово играат Шкендија и Борец

Петар Печков

Екипата на ОК Борец ветерани  е второпласирана на одбојакрскиот турнир за ветерани кој викендов се одржа во Велико Градиште Србија а во чест на нивниот поранешен играч Мишко Митиќ. Турнирот се одржува по трет пат а велешани учествуваа за прв пат. Во конкуренција на12 екипи од Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, велешани стигнаа до финалето.

Во натпреварите во групи забележаа една победа и едне пораз со што се квалификуваа за 1/8 каде играа со екипата ан Јужна пруга од Власотинце Србија, која ја победија со 2:0 Во 1/4 играа со домаќинот, пореншниот ју лигаш ВГСК од Велико Градиште, кого исто така го победија со 2:0. Во полуфиналето повторна средба со противникот од групната фаза, екипата на Белград фил, при што велешани се раванширале со нова максимална победа од 2:0. Првиот сет противникот освоил само 2 поени а во вториот 10. Во финалето ОК Борец ветерани играа со составот на Лордови од Белград, одбојкари на 30-35 години, велешани поведоа со 1:0, за да противникот со пресврт стигне до 2:1 и победничкиот пехар. Домашната публика на финалниот натпревар поддршката ја дала на екипата на ОК Борец ветерани. Велешките ветерани за 7 часа одиграа четири натпревари што беше исклучителен напор.  

ОК Борец ветерани досега имаат учествувано на седум меѓународни турнири и имаат исто толку пехари и медалји, две први, две втори и три трети места. При крајот на годината веќе се догoворени турнирите  Гран при во Крањска гора Словенија на 13-15 ноември и на 12 декември во Суботица Војводина. 

Недела, 4 октомври продолжува првенството во одбојкарската лига на ветерани, каде велешани се лидери. Но ги очекува дербито на двете непоразени екипи , со Шкендија во Тетово, која е домаќин на туринрот.  Во последното коло на 11 октовмри ОК Борец ветерани се слободни а полуфиналето е на 18 октомври, финалето е закажано за 1 ноември. Велешани го бранат пехарот од лани и од претходната година. Тие се двојни победници откако постои лигата. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »