речник контакт

Одбојкарите на ОК Борец првенството го започнуваат од 19 октомври, го пречекуваат составот на ОК Сушево

Лигата брои рекордни 13 екипи. ОК Борец најавува борба за висок пласман

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец сезоната 2024/25 ја започнуваат од 19 октомври. Во првото коло играат дома, противник им е екипата на ОК Сушево –струмичко. Лигата брои дури 13 екипи, најголем број досега. Се игра еднокружен бод систем, секој со секого по еднаш, баз реванши.

Првите шест екипи, одат во разигрување за шампион, седумте ниско пласирани разигруваат за опстанок. ОК Борец е со аспирации да се палзира меѓу шест прво пласирани.

ОК  Борец се засили со пет одбојкари во претстојното првенство од Првата лига. Во клубот се вратиле поранешните првотимци Сашо Иваковиќ, Дејан Димовски, Жарко Колев сите тројца  се велешани кои изминатата сезона настапуваа за ОК Лирија од каде дошол и прилепчанецот Методија Басароски. Новак во клубот е и Србинот Немања Пантиќ од Краљево.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »