речник контакт

Одбојкарите победуваат во низа, се поблиску до плеј-оф

Реми за футсал екипата на КМФ Кеги моби, пораз за КМФ Велес, победа во кошаркарите во Втората лига

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец со победа се поблиску до првите четири екипи и пласман во разигрувањето на најдобрите. Во саботата со максимални 3:0 ((25:14, 25:22, 25:13) ја совладаа екипата на Јанта волеј од Скопје. Противникот кој нема ниту еден бод, беше лесен тренинг за домашните одбојкари во салата Гемиџии. По ова седмо коло Борец е четврти со 15 бода а во следното, повторно дома игра со екипата на ОК Универзитет Гоце Делчев од Штип, кој исто така е кандидат за пласман меѓу најдобрите четири екипи.

Се одигра четвртото коло од Првата футсал лига. Двете велешки екипи гостуваа, КМФ Кеги моби одигра нерешено 8:8 во Кратово, против истоимената екипа, додека КМФ Велес на гостувањето во Куманово загуби со 8:6 од екипата на КМФ Карадаку.

Во третото коло од Втората лига Исток,  Борец Баскет, на свој терен стигна до третиот успех во новата сезона. Велешани беа подобри од Кам Баскет од Македонска Каменица со 79:70 (37:39) и се најдоа на врвот од табелата. Во следното коло велешани гостуваат во Струмица, на истоимената екипа која има шест бода.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »