Петар Печков
Објавено: вторник, 24 март 2026
Oдбојкарките на ОК Виола волеј на гостувањето во Тетово ја совладаа екипата на ОК Бами кор со 1:3 (20, 24, -18, 20) . Тоа беше натпревар од 22 коло, во кое е совладан противник кој е подобро пласиран 9-ти на табеларта. Со овие три бода помладиот велешки тим од 11-то се искачи едно место погоре, на 10-тото. Во следното коло во Велес, дерби на дното, гостува екипата на ОК Универзитет од Тетово кој е 11-то пласиран.
Се одиграа две коло од првенството на Првата лига во пингпонг, 11-то и 12-то. Лидерот ППК Борец ТИМ забележа победа и пораз. Во дербито за врвот го доживеа првиот пораз во првенството од второпласираниот ППК Младост со 2 : 4, средба од 11 коло а во следното 12-то победи на ППК Куманово со 2:4. И натаму велешани се на врвот.
Табела
1. Борец 12 11 1 46:16 23
2. Младост 12 10 2 41:15 22
3. Студент 12 8 4 38:21 20
4. Куманово 12 8 4 36:27 20
Во следните две кола ППК Борец игра со состави кои се пониско пласирани, со ППК Дебар маало и ППК Берово 1.
фото ОК Виола волеј
| Tweet |




