Петар Печков
Објавено: сабота, 20 ноември 2021
Второстепената комисија на Одбојкарката федерација на Македонија ја прифатила жалбата на ОК Лирија и натпреварот со ГОК Борец од четвртото коло го регистрира со постигнатиот резултат 3:2.
За потсетување велешани се жалеа дека средбата е завршена со резултат 3:1 за нив, судијата отсвирел крај играчите заминеле во соблекувалната. Од таму биле вратени по барање на судијата, средбата да продолжи. Велешани според објаснувањето на управата се вратиле за да не го изгубат натпреварот службено, доиграле загубија со 2:3 но најавија жалба.
Истата беше прифатена од Натпреварувачката комисија. Но тетовчани имале право на жалба ја искористиле и е одлучено позитивно по неа. На оваа одлука на второстепената комисија на ОФМ ГОК Борец нема право на жалба.
Остануваат изречените санкции по 10 илјади денари казна за двете екипи поради агресивно однесување , судиите Александар Цеков и Никола Саздов од Скопје поради слабото судење нема да судат три натпревари а ОК Лирија поради слабата организација на натпреварот есенва нема да игра дома со публика.
Со ова натпреварот од пред две седмици одлучено е да заврши со постигнатиот резултат 3:2 и велешани така имаат по седум кола два порази. В понеделник играат дерби против ОК Вардар во Скопје со почеток од 18 ч. и пренос на МТВ.
Tweet |