речник контакт

Одбојкарскиот клуб Борец се екипира

Екипата комплетирана за претстојното првенство

Петар Печков

Саша Ивковиќ и екс репрезентативецот Благој Гинов од Шутова, Дејан Димовски од Лирија, се вратија во матичниот клуб Борец. И интернационалците браќата Сашо и Оливер Трајковски кои играа во Хрватска се дел од велешкиот прволигаш.  

Во екипата се и неколкумина одбојкари, кои повторно се враќаат во одбојката, откако клубот летово се реоформи. Тоа се Зоран  Жабев, Марјан   Габеров, Дејан Гинов, Сашо  Масевски, Борјан Давчев, Лазе Хаџиев, Бобан   Темелков и Александар Лепидовски.

Тие под водство на тренерот Петре Жабев и помошникот Трајче Миланов, две седмици се подготвуваат за новото првенство , кое треба да започне во средината на октомври.

Имаме екипа, која е целосно составена од велешки играчи. Тоа е комбинација од младост и искуство и целата ни е влез во разигрувањето. Во составот вклучивме и неколкумина младинци. Работиме на подолги аптеки, годинава не трчаме по резултат  – рече Валентин Миланов, претседател на ГОК Борец.  

Летово клубот беше обновен и го презема локална власт, откако  три години паузираше поради беспарица. Борец беше клуб кој имаше успеси  во македонската одбојка а во 1994-та го освои и Купот на Македонија. Беше расадник на репрезентативци, некои од нив кариерата ја продолжија и во странство.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »