Петар Печков
Објавено: недела, 15 мај 2011
Машката екипа на Борец со 3:1 загуби од Шкендија во Тетово, со што домаќините ја слават првата титула во нивната историја. Сепак и ова е голем успех за велешките одбојкари, кои се враќаат на патеките од средината на 90-тите кога беа во врвот на македонската одбојка.
По немирите во велешката сала од средата, натпреварот во Тетово минал во спортска атмосфера. На него домаќините како благодарност за стореното го поканиле велешкиот градоначалник Горан Петров. Меѓу присутните на средбата бил и претседтелот на ДПА Мендух Тачи, кој од сликите може да се види како навивал за неговиот тим.
Одбојкарките на Форшпед загубија од Форца Волеј со 3:0. Со ова и тие постигнаа одличен резултат.И за двете екипи следната сезона ќе биде шанса за нови повисоки дострели, се разбира доколку останат спонзорите.
Во Битола пак се одиграа Куп наптреварите. Велешки Борец во полуфиналето загуби од домаќинот Пелистер со 32:23 ( 13:9). И овој пласман за велешани е добар резултат. Но за Борец главната преокупација е опастнок во Супер лигата а за тоа ќе се борат во бараж со второпласираната екипа од Првата лига.
Tweet |