Петар Печков
Објавено: четврток, 24 септември 2026
Првата машка одбојкарска лига започнува на 17 октомври, ќе брои 12 екипи меѓу нив и велешки ГОК Борец. Втората женска лига ќе стартува истиот викенд а лигата брои 10 екипи, меѓу нив и ОК Борец жени. Меѓу пријавените ја нема ланската учесничка, втората екипа од градов ОК Виола волеј.
Кај жените ќе се игра двокружен систем, секој со секого, или девет кола есенва и девет напролет, првата екипа влегува во Прва лига. Во првото коло ОК Борец гостува во Тетово на ОК Шкендија волеј.
Кај мажите во системот на натпреврки во Првата лига има новина. Првенството започнува со двомеч, бараж, играат екипите според пласманот лани, дома и во гости. Така ГОК Борец ќе игра со ОК Весна од Пробиштип, на 17 октомври во гости и на 21 октомври дома.
За потсетување лани ГОК Борец беше вицешампион и финалист на Купот.
Од победниците бо баражите ќе се добијат екипите од првата А лига со шест победници и првата Б лига со шестте поразени екипи.
Тие играат четири кружен бод сите, со секоја екипа по четири пати, два пати дома и два пати на гости. По завршувањето на првенството, напролет, шесте екипи од првата А лига и двете првопласирани екипи од првата Б лига, играат пелј оф се до шамион на лигата.
| Tweet |




