Петар Печков
Објавено: среда, 12 октомври 2022
Одбојкарското првенство 2022/23 почнува овој викенд. Во првото коло ГОК Борец дома игра со екипата на ОК Македонија ЏИО. Во Првата одбојкарска лига -мажи се натпреваруваат 11 екипи.
Се играат исто толку кола, по што првите шест екипи продолжуваат напролет во фаза разигрување секој со секого, дома и во гости, додека петте послабо пласирани играат за опстанок, по истиот систем секој со секого дома и гости.
Велешкиот прволигаш, има амбиции да се пласира меѓу првите шест екипи. Се засили со тројца одбојкари од димашното првенство. Во матичниот клуб се врќа репрезентативецот Филип Лепидовски (19 год).
фото архива
Tweet |