речник контакт

Одговори на прашањата од советниците, II дел

За долговите на училиштата, за кучиња скитници, за оштетениот тротоар пред дуќаните од мостот Гемиџии, за игралиштето во Дворови, за бесплатен автобуски превоз за пензионерите од велешките села

Петар Печков

 Советникот Благој Коларов праша за висината на долговите  во општинските и средни училишта за превоз, нафта и други трошоци  до 27 јуни годинава.  Одговорот е следен: 

Основните училишта во општината должат за вода 274.632, за струја 454.518, за нафта 4.254.946, за транспорт на луѓе 2.597.788, за превозни услуги 8.250.243 или вкупно 15.992.172 денари. Во средните училишта побарувањата  се за вода 21.300, за струја 56.663, за превозни услуги 36.461.823 или вкупно  36.883.704 денари.  Вкупно долгот на Општината изнесува з средно и основно заедно 52.675.876 денари. 

 Советникот Митаат Маслак праша дали ќе има бесплатен автобуски превоз и за пензионерите од околните места.  Одговорот од  локалната власт е дека тој е дел до стратегијата за стари лица, изготвена од Здружението на пензионери Велес а усвоена од Советот на општина.  Во следната 2017-та година се изготвува нова стратегија. Доколку во ена се предвиди бесплатен превоз за пензионерите од  околните места, истиот ќе се реализира според утврдениот рок.  

 Елизабета Чуповска Ристовска праша што се презема околу кучињата скитници, посебно околу училиштето Св. Кирил и Методиј. Одговорот е: Општина Велс ги презема сите законски мерки за справување со бездомните кучиња.  Освен ератикација (истребување н.з.) на кучињата скитници, заловување, кастрација, вакцинација, идентификација и   престој во прифатилиште и евтаназија, за што Општина Велес има склучено договор со Ветеринарната станица Велес  се подржуваат активностите на граѓанските здруженија за заштита на животните.   Со ,,Анима мунди,, има потпишано меморандум   за соработка  а со средства од Програмата за поддршка  на НВО секторот, подржана  е   работа на ЗГ ,,Гласот на животните,,  за згрижување, третман и вдомување на бездомните животни.  

Советникот Ангел Димов праша за тротоарот на мостот ,,Гемиџии,, пред дуќаните од десната страна, кој е многу оштетен и со дупки, дали  може да се санира. Одговорот е: во тек е донесување на  нов Детален урбанистички план со кој за овој дел од градот се предвидува отстранување на сите деловни простории, со пристап пред мостот Гемиџии и изградба  на нов трговски центар, каде тие ќе бидат сместени. Во меѓувреме ќе се изврши времено санирање на тротоарот.   

Советеникот Живе Катранџиев праша дали може да се уреди игралиштето во месноста Дворови.   Одговорот е од локалната власт е:  согласно програмските активности на Општина Велс, игралиштето во Дворови годинава ќе се уреди оградата а  ако Советот одлучи другите активности ќе се изведат во 2017-та година. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »