речник контакт

Одземен „мини купер“ оти возачот го управувал со забрана

Настанот се случил ноќеска по полноќ

Петар Печков

Ноќеска по полноќ одземено е возило „мини купер“ оти возачот имал забрана за управување а го возел. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 19 февруари во 00:05 часот на улица „Андон Шурков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.А.(24) од Велес. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „мини купер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.А., при што било констатирано дека возилото го управувал со забрана за управување на возило за Б категорија“ – информираше Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 
 
По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »