Петар Печков
Објавено: недела, 22 март 2026
Од билтенот на СВР Велес за викендов.
На 20.03.2026 во 10:00 часот, на регионален пат Велес-Градско во близина на село Ногаевци, општина Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го лишија од слобода А.Х.(39 год) од Градско. При сообраќајна контрола бил сопрен мотоцикл „пиаџо“ без регистарски ознаки, управуван од А.Х. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека за мотоциклот не поседувал соодветна документација и го управувал без положен возачки испит.
На 21.03.2026 во 00:20 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со родител на 16-годишник од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Орце Мартинов“ во Велес, бил сопрен мотоцикл „педа“ без регистарски ознаки, што го управувал малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот бил нерегистриран, малолетникот не поседувал соодветна документација за него и го управувал без положен возачки испит.
На 20.03.2026 во 17:30 часот, во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, го лишија од слобода Ф.А.(53 год ) од Горно Јаболчиште. Претходно на регионален пат Чашка-Дреново, кај место викано „крстосница Врановска“ тој управувајќи патничко возило „пасат“ со велешки регистарски ознаки н застанал на даден знак за запирање и продолжил да се движи со возилото кон село Горно Јаболчиште. Подоцна, возилото и возачот биле пронајдени и по извршени проверки било констатирано дека возилото било нерегистрирано, а Ф.А. го управувал без да поседува возачка дозвола
На 22.03.2026 во 03:00 часот, на регионалниот пат Велес- Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Џ.(25 год ) од село Согле, општина Чашка. Претходно тој, во близина на крстосница за село Војница, општина Чашка, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
По насоки на јавен обвинител, возилата биле одземени а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
| Tweet |




