Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 декември 2020
Неделата пред полноќ, одземени се пари од обложувалница во Велес. Инцидентот се случил на една од бројните обложувалници на ул. Благој Ѓорев, а лицето кое ги одезело парите, тоа го сторило со вербална закана по живот на вработената, без употреба на оружје, сила или друго средство.
На 13-ти декември околу 23.50 часот во обложувалница во Велес, со закана од вработената Г.Л.(20), едно лице одзело пари - информираше Верољуб Додевски, портпрол на СВР Велес.
Сторителот побегнал, а полициајта соопшти дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |