Петар Печков
Објавено: недела, 28 јануари 2024
Во петокот било одземено возило од лице на кое му било дадено службено на користење. Настанот пријавен во саботата.
„На 27.01.2024 во 15.10 часот во СВР- Велес, 52-годишен маж од село во општина Лозово, пријавил дека И.„Н“(Презиме непознато з.а.), кој бил вработен во фирма на синот на пријавителот, на 26.01.2024 на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, одзел патничко возило „венто“ со штипски регистарски таблици, сопственост на пријавителот, кое претходно му било доверено за работа во фирмата“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Tweet |