речник контакт

Оди ако можеш помини на пазар

Заради дополнителни приходи, ЈКП Дервен дозволува поставување на гајби и на онака тесниот простор за минување на Градскиот пазар

Петар Печков

Подолго време на долниот дел од Градскиот пазар, во пазарните денови купувачи тешко може да минат, да пазарат и да се разминат.  Ова се однесува на долниот дел од пазариштето. Просторот помеѓу тезгите и освоен од закупците, кои поставуваат дополнителни гајби, што го отежнува минувањето и купувањето.    Секој пазарен ден оваа слика се   повторува.

Не ми е  јасно, зошто на толку мал простор се поставуваат дополнителни тезги, гајби.  Еден човек не може да мине а не` двајца да се разминат. И како да пазариме, како да купиме. Сме реагирале и до луѓево кои работат на пазариште, но нема никаков одѕив. Тоа не е слика и на горниот дел каде се производителите, туку само доле каде се прекупците на сезонско овошје – велат велешани кои се `уште се пазаруваат на  Градскиот пазар.   

ТрМр ги праша надлежните од ЈКП Дервен како и со која одлука е решено дополнителното поставување на дрвени гајби на просторот за потрошувачи, меѓу тезгите?  Ако е дозволено колку се наплатува за ваквото поставување?  Ако не е дозволено, зошто се толерира ваквата пракса од страна на дел од пазарџиите? Одговорот краток. 

Според ценовникот за наплата на пазарна такса, на секој продавач што ја проширува својата тезга му се наплаќа повисока пазарна такса,односно дополнителна повисока сума од редовната, во износ од 2-5%, кој процент зависи од вредноста на изнесената роба – стои во писмениот одговор од ЈКП Дервен.

Така додека граѓаните реагираат, надлежните во името на профитот толерираат. Според деветмесечниот извештај на работењето на ЈКП Дервен за 2016-та , РЕ Пазари забележала помал приход споредбено со истиот период од 2015-та година.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »