Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јануари 2017
Денешното рочиште во Основен суд Велес, за отворање на стечај во АД Црвени Брегови – Неготино се одложи. Ова е по постигнат договор помеѓу доверителот и должникот.
Има договор за испата на долгот. Кога ќе се исплати ќе се повлече барањето за отворање на стечај. Сега се одложи рочиштето – изјави адвокат Гроздан Сутинов, застапник на доверителот.
На велешка фирма, АД Црвени Брегови, која има големи површини под лозја, му должи 27 милиони денари. Во овој предмет има именувано и предстечаен управник тоа е Димитар Аџиев од Штип. Сметката на должникот била блокирана повеќе од два месеци.
Истата велешка фирма има доставено барање за одење во стечај и на АД Вардар Градско, каде побарува 54 милиони денари. Рочиштето за овој предмет во Основен суд Велес е закажан за 2-ри февруари. И таму сметката е блокирана повеќе од два месеци. И двете фирми кои се во предстечајна постапка се на Минчо Јорданов, кој важи за меѓу најбогатите Македонци.
Tweet |