речник контакт

Одлука на Совет -Забрането користење на гуми, пластика, мебел како материјал за огрев

Велес пет дена со високи концентрации над дозволените вредности со ПМ 10 честички

Петар Печков

Како одговор на високите концентрации на ПМ10 честичките, кои претходете пет дена беа регистрирани во Велес, Советот на Општината донесе  итни мерки за намалување на загаденоста на амбиенталниот    воздух.  Меѓу другото се забранува за користење одредени материјални кои се  опасни како енергенси.   

Користењето   на несоодветни и опасни материјали -гуми, пластика, делови од мебел и материјали премачкани со боја и лепило, отпадна масло од автомобили  е забрането  за греење. Палењето оган на отворено, палењето контејнери или стрништа е забрането. Се информираат трговските и угостителските субјекти дека доставувањето и однесувањето на стока до објектите, надвор од одредениот режим утврден со Одлука е забрането. Да се врши редовно чистење на оџаците. ЈКП Дервен да врши редовно миење на улиците и тротоарите во вонредни околности  -при зголемено аерозагадување.  Почести регулирања на сообраќајот посебно на т.н. ,,тесни грла во градот,,  на главните  сообраќајници. Полицијата  да ги упати на дополнителен технички преглед сите возила, посебно тешките товарни возила -камиони и автобуси, кои не ги задоволуваат основните стандарди за емисии на загадувачи материи во воздухот- стои во донесениот пишан документ. 

Со него се повикуваат граѓаните на Општина Велес, да го пријават на ДЕЖУРНИОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН секое палење гуми. кабли,  отпад,  стрништа,  пластика  или друг опасен отпад, а на бројот „192" да пријават возила кои оставаат впечаток дека  не  rи   задоволуваат   основните   стандард и   за емисии  на загадувачки материи во воздухот.

Сите заедно учествуваме  во загадувањето на воздухот и затоа сите заедно сме одговорни да ги намалиме концентрациите на штетните честички во воздухот. Така ќе заштитиме самите себе, фамилиите, децата и младите – рече екологистот  Ненад Коциќ, овај пат како советник во Општината.   

За дали граѓаните се   придржуваат на овие забрани ќе контролираат комуналните инспектори од локалната власт  а за правните лица - локалниот и државниот еколошки инспектор.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »