Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јуни 2020
Здружението на приватните лекари преку нивен адвокат до Уставен суд поднело иницијатива за преиспитување на одлуката со која се наградуваат здравствените работници, кои се бореа со ковид-19.
Треба ли да потсетам дека и матичните доктори беа на прва борбена линија, докторите од Дебар направија скрининг на целото населениве. Или ќе има награди за сите кои учествувавме во борбата со ковид-19 или за никој - рече на прес-конференцијата д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари, кои брои околу 1,6 илјади доктори.
Приватните лекари од земјава реагираат на две новини кои Фондот за здравство и Министерството ги подготвувале. За членовите на Здружението тие се неприфатливи и не се согласува со нивно воведување.
Се најавува воведување на времен печат и електронски печат. Секоја амбуланта има свој токен, секој доктор има сопствен токен, и сите податоци постојат во „мој термин“ каде има богати бази на податоци, колку рецепти сме издале, кога се издадени, каде е упатен пациентот. Сметаме дека со постојната капитација, дополнителен трошок не можеме да издржиме. Имаме и уште една реакција за воведување нови шифри во работата, кое понатаму води плаќањето да биде половина од капитација а втората половина од сработеното. Модел на плаќање по учинок имаше до 2001-та и со него ако земеме одмор во тој период немаме да имаме учинок, нема да имаме плата, нема да се покријат трошоците за работата. Не е дозволиво доктор од примарно здравство да нема сигурност, да не смее да се разболи, тој период мора да биде платен, како и во јавното здравство. Државата не смее да се однесува за едни мајка за други маќеа. Во преговорите со Светска Здравствена организација, а сме имале преговори во период од триесетина месеци, никогаш не сме разговарале фиксниот дел да биде 50 отсто од постојната капитација - кажа д-р Чолакова Дервишова.
Tweet |