речник контакт

Одобрен е обвинителниот акт за предметот рушење на зградата на Работнички универзитет

Останува наредните денови по АКМИС системот да се распредели предметот кај судија

Петар Печков

Основниот суд во Велес на неговата веб страница објави дека е одобрен обвинителниот акт за едно лица, кое е обвинето за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“.

„Предметот К-ООА.бр.17/25 е формиран по поднесен oбвинител акт спрема физичко лице и oбвинителен предлог спрема правно лице. Во наведениот предмет e донесено решение со кое се одoбрува обвинителниот акт“ – соопштија од Основен суд Велес.

Обвинителниот предлог кон правното лице не се разгледува пред Кривичиот совет, туку оди дирекно на судење.

Обвинението за физичкото лице е за - Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 289, а за правното лице за - Предизвикување опасност при градежни работи од член 289 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Останува наредните денови по АКМИС системот да се распредели предметот кај судија, по што тој ќе закаже термина за првото рочиште.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »