Петар Печков
Објавено: среда, 06 април 2011
Прифатените проекти се однесуваат за обнова и реконструкција на ладилник во Неготино вреден 170 илјади евра, додека вториот проект е од Градско и се однесува за инвестиција во лозарство, наводнување со систем капка по капка со вредност од девет илјади евра.
Од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделието во Велес, велат дека имало голем интерес од преку 30-тина земјоделци а поради строгите критериуми биле прифатени само два. Земјоделците ќе можат за шест месеци да очекуваат поврат на половината, откако ќе ги вложат средства.
Tweet |