речник контакт

Одобрено писмото за намери на „Метрудхем“ за Топилница

Од екологија смируваат тоа е дел од редовната процедура

Петар Печков

Министерството за животна средина го одобри писмото за намери на „Метрудхем“ за рестартирање на велешката топилница. Согласно процедурите, од понеделник на компанијата ќе и биде доставен обемот на студијата за оценка на влијанието врз животната средина, која „Метрудхем“ треба да ја изработи во следните месеци. Директорот на управата за животна средина, Филип Иванов, објаснува дека барањата на Министерството за студијата се обемни.

 Во студијата бараме да бидат опфатени сите аспекти. Покрај технологијата која би се употребила, емисијата на гасови и степенот на загадување ќе се бара опфаќање и на влијанието врз социо- економските аспекти. Во обемот бараме и презентирање на алтернативни решенија, односно што ќе се случи ако се гради на сегашната локација, што ако не се гради и што ако се гради на алтернативна локација. – изјави меѓу другото директорот на управата за животна средина, Филип Иванов

Позитивното мислење на студијата која треба да ја изработи „Метрудхем“ е основен услов за почеток на било какви градежни работи на терен. Пред да се донесе одлука, процес долг околу девет месеци, од министерството објаснуваат дека истата ќе биде испратена до сите вклучени страни и објавена на интернет страницата на Екологија. Надлежните очекуваат при процесот на одлучување да има и широка јавна дебата.

Самата идеја за рестартирање на Топилницата предизвика силно негодување на велешката јавност. Владата потоа понуди, а „Метрудхем“ начелно се согласи да се разгледа и опција Топилницата да се дислоцира. Каков и да биде натамошниот развој на настаните, од животна средина уверуваат дека ништо не може да се случи преку ноќ. Под услов „Метрудхем“ да добие позитивно мислење за студијата до крајот на годинава, потоа следува уште исто толку долг временски период за интегрирана еколошка дозвола- без која пак не може да се почне со производство.

Преземено од ТВ Алфа

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »