Петар Печков
Објавено: петок, 20 октомври 2023
Под мотото „Никогаш не ги заобиколувај правилата и процедурите за безбедно вршење на работните задачи“ компанијата „Винербергер“ од Виница организираше Ден посветен на безбедноста и здравјето при работа за своите вработени.
На 18 октомври, во фабриката на „Винербергер“ во Виница, по вторпат беше одржан Денот на безбедноста и здравјето при работа. Целта на настанот беше преку презентации, игри и забава да се подигне свеста на вработените дека
безбедноста и здравјето при работа се и мора да останат на прво место.Сите вработени во компанијата, учествуваа во разни сегменти од програмата.
Настанот започна со вежбата за евакуација при симулиран пожар и реакција одстрана на противпожарната единица во Виница, а продолжи со презентации забезбедноста и здравјето при работа, ракувањето со машини, санација наповреди и укажување на прва помош. Интересен дел беше уредот засимулација на алкохолизирана состојба, преку кој секој од вработените можешеда тестира како се губи контрола при употреба на алкохол и да се извлечесоодветна поука.
„Вработените се најголемиот капитал во нашата компанија и затоа„Винербергер“ постојано инвестира во нив и се грижи за нивната безбедности здравје при работата. Таа грижа трае 365 дена во годината, а овој ден еуште една, видлива потврда за тоа. Сакајќи да ја подигнеме свеста наповисоко ниво во однос на оваа тема, на настанот ги поттикнавме ситевработени да размислуваат за БЗР и постојано да даваат сугестии заподобрување на условите за работа, со цел да се избегнат постоечкиопасности и ризици“, вели Искра Спасовска, Директор на Производство и Членна Одбор на директори.
На настанот беа споделени и визијата и вредностите на компанијата на групациско ниво, како четири главни столба на стабилноста на „Винербергер“: доверба, почит, страст и креативност. Преку игри во тимови за секоја од вредностите, вработените имаа можност низ забава да применат некоја од овие вредности и тимски да се поврзат едни со други.
Компанијата продолжува со својата визија да се грижи за подобро утре и посветено да нуди иновативни градежни решенија.
ПР текст
Tweet |