Петар Печков
Објавено: петок, 01 декември 2023
Во просториите на Европската куќа во Велес беа изложени делата од 27 Меѓународна Ликовно- керамичка работилница, која ја организира Основното училиште со Ресурсниот центар „Маца Овчарова“ од Велес.
Изложбата е по повод 3 Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Темата на работилницата беше ''Екологија'' и е со инклузивен карактер за ученици со попречености од посебните основни училишта од земјава и ученици од редовните основни училишта во Велес.
Победник на работилницата беше дело, грнчарија на Дарија Трајкова од ОУ Васил Главинов од Велес.
Трета година по ред работилницата е со меѓународен карактер и учествуваа ученици основци од Србија, Турција и Грција.
Гостин на изложбата беше Евро амбасадорот Дејвид Гир.
фото ФБ /Европска куќа Велес
Tweet |