речник контакт

Одрон на карпи го стопираше сообраќајот на автопатот Скопје Велес

Нов одрон, втор за три месеци, спроти железничката станица Рајко Жинзифов, повторно го парализираше сообраќајот од Скопје до Велес

Петар Печков

Одрон на карпа во близина на железничката станица Рајко Жинзифов, шест часови го блокираше сообраќајот на автопатот Скопје – Велес,. Карпата се срушила во 8,45 часот  на 11 км северно од Велес, а екипите на ЈП Македонија Пат започнаа со расчистување во 9,20 часот. Среќна околност е што кога таа се лизнала немало возило а  тие што возеле имале видливост на делницата, па  одронот го  виделе оддалеку и сопреле навреме Една коловозна лента беше оспособена за сообраќај во 15 часот, кога со помош на сообраќајната полиција започнаа да се пуштаат возилата кои доаѓаат од правецот на Скопје. Дотогаш за сите кои патуваа кон Велес,  го користеа  стариот патниот правец.

-  Со две машини работиме на расчистување на автопатот Скопје – Велес, откако утринава се лизнала карпа. Работиме и на отстранување на другите карпи кои се надвиснати над патот. Целата делница од Катланово до Велес, поради карпата низ  која е граден патот, истиот е опасен за сообраќај. Треба да се минираат овие камења за да се елиминира опасноста и натаму да се случуваат вакви одрони – изјави    Божидар Цветковски раководител  при ЈП Македонија Пат на делницата Катланово – Велес.  Тој прецизираше дека причина за лизгањето на карпата биле  обемните врнежи од дожд кои деновиве ја зафатија Македонија,  ниските температури ноќно време и мразевите, што севкупно придонесувало до пукање на карпите и нивно лизгање.

На стотина метри од вчерашниот инцидент, пред три месеци се случи ист таков одрон.Според ЈП Македонија пат, тие често и секогаш кога е неопходно  врешеле минирање на критичните точки, каде има карпи но  природата сепак била помоќна. Исто така на оваа делница работеле 20 патари, колку што било предвидено со работните задачи и тие овозможуале редовно и непречено одвивање на сообраќајот, освен во вакви инциденти. 

За санирање на надвиснатата карпа, надлежните се обидоа да се справат со нејзино поткопување со помош на млазови вода од цистерна, но се покажа дека карпата е премногу стабилна па таа останува  на сообраќајната лента и да биде опасност за оваа делница од автопатот Скопје – Велес. Поради друг помал одрон во месноста Дервенски Поток, на автопатот Гевгелија – Скопје, пред влезот во Велес, се случил одрон на камење но со помал обем, поради што сообраќајот на оваа делница се одвиваше отежнато.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »