Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2015
Железничкиот сообраќај од и кон Битола ќе биде во прекин најмалку до понеделник навечер, вакви се најавите од Македонски железници. Ова откако нивните стручњаци извршиле проценка на одронот и како тој да се отстрани. Решението било да се минира.
Станува збор за сериозен проблем од еден одрон и уште еден камен блок кој се заканува да се сруши на пругата. За сабота, планирано е да се врши минирање а следните денови пругата да се расчистува. Очекуваме дека до понеделник навечер ќе се заврши а сообраќајот да почне од вторник. Операцијата на расчистување е ризична - велат од ЈП МЖ Инфраструктура.
Одронот на пругата од големи камени блокови е на делницата помеѓу железничките станици Мартолци - Стари Град а железничкиот сообраќај од Скопје кон Битола и обратно е во прекин од средата попладне.
Tweet |