речник контакт

Оздравен 61 пациент, 50 ново заразени и почината пациентка

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 69 пациенти, пет повеќе од вчера

Петар Печков

Повеќе оздравени отколку новозаразени, изминатите 24 часа во велешко. Министерството за здравство информира дека има оздравен 61 пациент а ново заразени се 50. Бројот на активни случаи во велешко е 330 лица.

Во велешка Болница почината е жена на 69 годишна возраст, позитивна на ковид-19.  Досега во велешко   починати   од последиците на корона вирусот има 299 лица.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 69 пациенти, пет повеќе од вчера. Hа Инфективно  се згрижени 46, на  Интерно  осум и на Физикално 15. Потврдено позитивни се 49, непотврдени  се тројца  и 13 се  негативни но со потреба од болничка нега.

„Примени се петмина пациенти со по  еден негативен тест. Еден пациент е трансфериран од Интерно на  Физикално.. На кислородна поддршка се 24 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »