речник контакт

Оздравени 27 пациенти од велешко, нови случаи со ковид-19 се девет

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, е иста како вчера -19 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани девет   нови случаи на  заразени со ковид-19, а оздравени се 27  пациенти,. Со ова бројот на активни случи се намали  на  159 лица, соопштија од Министерството за здравство а по објавениот билтен за состојбата изминатите 24 часа. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница,  е иста како вчера,   згрижени се 19  пациенти. Ново примени и испишани нема.  

„Има 15 пациенти кои се позитивни, непотврдени се  двајца  и  исто толку се негативни, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се седум пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 15 а на Интерно одделение четворица пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »